“ТЕХНИКО”
Намената на “ТЕХНИКО” е користење во рамките на Станица за Технички Преглед. Нуди комплетна слика за сите Клиенти, Моторни Возила класифицирани според Вид на Возило, Подкатегорија, Марка и Комерцијални ознаки и многу други параметри…


Модули
Апликацијата е поделена на пет главни модули, кои ги претставуваат можностите и примената на ова решение.
Барања – Зелен, Плав и Црн Лист
Полиси
Дополнителни Услуги
Потврди и Уверенија
ЦЕМТ Сертификати и Хомологација
Модул: Барања – Зелен, Плав и Црн Лист
Едноставна пристапност до формите со кои се внесуваат сите податоци за извршен редовен или вонреден Технички Преглед и подготовка на сите потребни документи за регистрација на возило.
Избор на Клиент
Избор на Клиент или Внесување на Нов Клиент доколу истиот не е внесен во базата со податоци.
Избор на Возило
Избор на Возило од возилата чиј сопственик е веќе избраниот Клиент или Внесување на Ново Возило за тој Клиент.
Наплата
Уплата во Благајна со можност за поделба на Износот за плаќање на рати и на крај секако печатење на Фискална сметка.

Комбинирање на Модули
Комбинирајте ги Модулите според Вашите потреби. Секој модул е флексибилен и може да се комбинира со било кој од оние кои Ви се на располагање.

Потврди и Уверенија
Модулот „Потврди и Уверенија“ се користи за преглед на веќе издадените и креирање на нови Барања за: Меѓународна Возачка Дозвола, Одобрение за Управување на Туѓо Моторно Возило и Потврда за Техничко-Експлоатациони Услови. Секако постои можност и за печатење на сите наведени Документи на соодветните принт формулари.
ЦЕМТ Сертификати и Хомологација
„ЦЕМТ Сертификати и Хомологација“ всушност може да биде и одделено од главната апликација и да фунционира како посебен модул од апликацијата доколку Контролорите го работат само тој дел, или да биде во склопот на целата апликација. Овде ги имаме формите кои се користат за евидентирање и издавање на CEMT Сертификати, Баждарење на Аналогни и Дигитални Тахографи, како и Хомологација т.е. Согласност за Регистрација на Возила и Трактори.
Полиси
„Полиси“ модуллот се користи за креирање и евидентирање на Полиса за Осигурување или Зелен Картон, доколку Компанијата има склучено договор за соработка со некоја Осигурителна Компанија.
Кој го користи ТЕХНИКО?
Уникатните можности на оваа апликација значително штедат време, ресурси и финансии.